ДВЕ НЕДЕЛИ НЕМА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО БИТОЛА

    ДВЕ НЕДЕЛИ НЕМА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО БИТОЛАНеколку пелагониски општини досега успеаја пандемијата да ја поминат засега без заболени, како Ресен, Могила и Новаци; - Центар за јавно здравје Битола. (Фото: СДК.МК)

    Во Битола денеска е регистриран уште еден излекуван пациент, а веќе 14 дена во градот нема новорегистрирани случаи со коронавирус, соопшти градскиот Центар за јавно здравје. Со ова, болни кај кои коронавирусот е уште во тек има само двајца. Тоа значи дека во изминатиот период, од вкупно 28 битолчани кои се разболеле од почетокот на заразата до денес, 24 се излекуваа од КОВИД-19.

    Од болеста во Битола имаше два смртни случаи.

    „Со цел да ја задржиме стабилната состојба во Битола и регионот, ве молиме и понатаму да се придржувате кон мерките за заштита, пред сè одржување на физичка дистанца од најмалку 2 метра, носење заштитна маска и одржување лична хигиена. Сите сме одговорни за зачувување на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Само со одговорно однесување на секој поединечно и со безусловно почитување на мерките ќе ја добиеме битката со коронавирусот“, апелираа од Центарот за јавно здравје во Битола.

    Неколку пелагониски општини досега успеаја пандемијата да ја поминат засега без заболени, како Ресен, Могила и Новаци.

    Во Битолската клиничка болница има осумина хоспитализирани пациенти со КОВИД-19, но ни еден од нив не е битолчанец, туку се болни од Струшко-Охридскиот Регион.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира