Финансиската полиција оформи предмет за ланското новогодишното украсување на Скопје за што немаше тендер. Како што велат од Финансиската полиција, во моментов се вршат проверки.
„Во тек се проверки за утврдување на фактичката состојба, како и прибирање на потребниот доказен материјал, но поради тајност на предистражната постапка согласно Законот за финансиска полиција и Законот за кривична постапка, не сме во можност за истите подетално да ве информираме“, ни изјавија од Финансиската полиција.
- ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА В ПОНЕДЕЛНИК ВЛЕГУВА ВО ГРАД СКОПЈЕ ДА ПРОВЕРИ КОЛКУ И КАКО ДАНЕЛА ПОТРОШИЛА ЗА УКРАСУВАЊЕТО
-
НИ ТЕНДЕР, НИТУ ЈАВЕН ПОВИК ЗА 30.000 ЕВРА КОИ ДАНЕЛА ВЕЛИ ГИ ПОТРОШИЛА ЗА УКРАСУВАЊЕ НА СКОПЈЕ
Финансиската полиција лани во декември влезе во Град Скопје за да провери колку и како се потрошени пари од градскиот буџет за новогодишното украсување на градот. Градоначалничката Данела Арсовска велеше дека за украсувањето се потрошени 30.000 евра, а на сајтот на Бирото за јавни набавки немаше објавено тендер, ниту јавен повик на страната на Град Скопје. Арсовска не кажа ниту која фирма го украсуваше градот.
Откако лани Финансиската полиција влезе во Градот да врши проверки, градоначалничката Арсовска на официјалниот фејсбук профил објави фотографија како игра шах со Дедо Мраз.
А. АНТЕВСКА