„ГЕНТЕРМ“ ЌЕ СЕ ПРОШИРУВА ВО ПРИЛЕП, А ОТПУШТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ НЕ СЕ ПОВИКАНИ НА РАБОТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ГЕНТЕРМ“ ЌЕ СЕ ПРОШИРУВА ВО ПРИЛЕП, А ОТПУШТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ НЕ СЕ ПОВИКАНИ НА РАБОТА

    Американската компанија „Гентерм“со седиште во Прилеп на три дена пред овие предвремени парламентарни избори соопшти дека ќе ги проширува своите капацитети.

    „Новото проширување на фабриката ќе го зголеми постоечкиот капацитет за 12.000 метри квадратни. Ова ќе придонесе компанијата да го достигне полниот капацитет од вкупно 22.000 метри квадратни. Наместо иницијалниот план за изградба на полниот капацитет на фабриката до крај на 2018 година, компанијата одлучи да го заврши целиот проект до крајот на 2017 и почеток на 2018“, стои во соопштението од „Гентерм“, испратено по е-пошта до медиумите.

    Но повеќе од месец, надлежните од оваа компанија не одговараат зошто им се доделени отказни решенија на работници кои беа на обука во Украина, и кога и дали воопшто тие ќе бидат повикани на работа, како што им се ветуваше?

    Лани на 26 декември, група работници кои добија отказ поминаа и три месеци во фабриката на компанијата во Украина, каде велат работеле од утро до вечер, како аргати, во тешки услови, без правно на отсуство, само за да ги исполнат нормите и да продолжат со работа во прилепската фабрика како што им било ветено.

    „Откако се вративме, одевме на работа кратко време и ни ги поделија отказите, ни сугерираа да бараме друга работа, зашто ни рекоа дека до март 2016 нема да биде изградена фабриката, и затоа ни дале откази. А, пред да заминеме во Украина ни ветија дека кога ќе се вратиме, овде ќе биде готова фабриката и дека ќе продолжиме. Затоа многумина ја напуштија работа во други фирми, зашто се надеваат во ‘Гентерм’ ќе биде подобро, а сега пред Божиќ се на улица“, изјавија тогаш многу работници.

    Од „Гентерм“ тогаш ветија дека овие работници ќе бидат повикани на работа кога ќе биде готов овој капацитет во март 2016. Но, ни тогаш работниците кои добија откази не се повикани. Јасмина Стојкоска од Прилеп е еден од овие работници.

    „Ни дадоа да ги потпишеме отказните решенија. За сите беше изненадување и нормално беше да реагираме, бидејќи и во Општината се кажуваше дека и во Прилеп се отвора фабрика со толку работни места, ќе има вработување и сето тоа. И нормално беше, вработените што добија откази да се собираат да штрајкуваат, оти се отпуштени. Ни рекоа дека сето тоа ќе се среди до март, дека уште не е готова фабриката. Кон крајот на мај, сите нѐ повикаа повторно, и ни рекоа дека не за три, туку за шест месеци ќе не повикале за работа. Но, тоа беше повторен повик за работа во Украина, каде што ќе бидат вработени четири месеци, повторно за општи работници“, вели Јасмина.

    Таа и нејзините колеги, со кои биле заедно на обука во Украина, револтирани од ваквиот третман на компанијата, велат се чувствуваат целосно изиграни.

    „Па, нас во Украина нѐ носеле како аргати од Македонија, поточно од Прилеп, а не како работници кои се на обука. И за тоа треба некој да одговара, за ова што се случува, кој го дозволува тоа, преку Агенцијата за вработување, да ти се јавуваат наводно за работа, а всушност откако за минимални пари и огромен труд ќе ги поминеш тие месеци во Украдина, јасно е дека нема да бидеш вработен во Прилеп“, вели Јасмина.

    И покрај нашето инсистирање, „Гентерм“ не одговори на нашите прашања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира