ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ МОДУЛАРНА БОЛНИЧКА ЕДИНИЦА ВО КИЧЕВО

    ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ МОДУЛАРНА БОЛНИЧКА ЕДИНИЦА ВО КИЧЕВОГерманската амбасадорка Анке Холштајн на примопредавањето на донацијата во Кичево. (Фото: Германска амбасада)

    Амбасадата на Сојузна Република Германија денеска донираше модуларна болничка единица со сместувачки капацитет од дополнителни 15 места за граѓаните на Кичево и околината.

    Како што соопштија од Германската амбасада, донацијата е во износ од 41 илјада евра и e по иницијатива на Сојузната Влада за време на германското претседателство со Советот на ЕУ, за помош на државите од Западен Балкан при пандемијата на ковид-19.

    Германија досега го поддржа регионот со 15 милиони евра. Освен тоа Eвропската Унија помага со 3,3 милијарди евра, во кои Германија учествува со скоро една третина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира