ГЛАВНО ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ИМА ЛУЃЕ ДА СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ ВО ШТИП

    ГЛАВНО ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ИМА ЛУЃЕ ДА СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ ВО ШТИПАмериканскиот амбасадор Џес Бејли за првпат се сретна и со новиот градоначалник на Штип Благој Бочварски (Фото: СДК.МК)

    Корупцијата ја поткопува довербата во институциите, а главно прашање е дали има луѓе да се борат протв тоа, рече американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска во Штип, на предавањето на тема „Како против корупцијата“. Предавањето го следеа главно студенти од Правниот факултет во Штип, но имаше и други граѓани кои рекоа дека се заинтересирале за предавањето откако Бејли на 4 декември  откри дека членовите на Државната изборна комисија ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија, а претходно дополнителено добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016.

    „Од искуство заклучуваме дека сиве овие години во градење поголема сигурност и посилна  економија гледаме дека корупцијата ги поткопува овие работи. Се мисли на довербата во институциите. Најважно е  деновиве во Македонија да се спроведуваат реформите,  да се оформат демократските институции стремејќи се кон евроатлтанските позиции, во спротивно токму вие младите ќе бидете жртва на нарушениот систем, намалената доверба во законите при што се доведувате во состојба да донесете тешка одлука да ја напуштите земјата,“  рече Бејли кој доби лавина прашања од присутните на трибината.

    Тој рече дека корупцијата ја има насекаде и дека ова го зборува од искуство, затоа што бил на голем број места и земји каде корупцијата била  присутна, вклучително и во неговата земја. „Главно прашање е дали тука има или нема луѓе да преземаат мерки во врска со корупцијата. Одлуки за вакво нешто тешко се донесуваат, но за да се постигне успех потребно е да се вклучат сите чинители на општествениот живот во државата“, рече Бејли.

    Американскиот амбасадор за првпат се сретна и со новиот градоначалник на Штип Благој Бочварски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира