ГО ДЕЗИНФИЦИРАМЕ СКОПЈЕ, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ГРАЃАНИТЕ СЕГА ДА ИЗЛЕЗАТ НА ПРОШЕТКА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    ГО ДЕЗИНФИЦИРАМЕ СКОПЈЕ, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ГРАЃАНИТЕ СЕГА ДА ИЗЛЕЗАТ НА ПРОШЕТКА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВСо средства за дезинфекција се прскаа и миеја булеварите и улиците во сите скопски општини, Плоштадот Македонија, улица Македонија, патеките и урбаната опрема во Градскиот парк, Водно, Чаршијата, како и Кејот на реката Вардар.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Екипи и механизација на јавните претпријатија на Град Скопје заедно со Бригадата за противпожарна заштита денеска го дезинфицираат Скопје. Со средства за дезинфекција се прскаа и миеја булеварите и улиците во сите скопски општини, Плоштадот Македонија, улица Македонија, патеките и урбаната опрема во Градскиот парк, Водно, Чаршијата, како и Кејот на реката Вардар.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека дезинфекцијата е само еден од начините да се запре ширењето  на вирусот, но не и единствен. Најдобро е да се седи дома и да се слушаат препораките на институциите.

    Дезинфекција на клупите во Градски парк. (Фото: Град Скопје)

    „Акцијата за дезинфекција ќе продолжи и утре. Се дезинфицираат сите јавни површини, со целосната механизација и опрема која ја има Град Скопје и јавните претпријатија. Како градоначалник на Скопје апелирам до граѓаните да останат дома, да не се шетаат по паркови, на Водно или на кеј. Тоа што ги чистиме и дезинфицираме јавните површини не значи дека сега граѓаните можат слободно да излезат на прошетка. Препораките на Владата и Министерството за здравство се да останеме дома бидејќи само така ќе спречиме ширење на вирусот“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

    Шилегов вели дека секое утро се спроведува акција за миење на улиците, редовно се дезинфицираат автобусите на ЈСП „Скопје“, а инспекторите вршат контроли дали таксистите возат со маски и ракавици.

    Град Скопје секој ден избира најдобра фотографија од седење дома, а наградата е 100 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира