ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ВРАБОТИ 12 НОВИ ИНСПЕКТОРИ ЗА ДА ГИ ЗАСИЛИ КОНТРОЛИТЕ И КАЗНИТЕ ЗА ЗАГАДУВАЧИТЕ

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ВРАБОТИ 12 НОВИ ИНСПЕКТОРИ ЗА ДА ГИ ЗАСИЛИ КОНТРОЛИТЕ И КАЗНИТЕ ЗА ЗАГАДУВАЧИТЕ„Со новите вработувања ќе ги зајакнеме контролите. Мапирани се црните точки кои предизвикуваат загадување. Со дрон ќе се снимаат критичните точки, а заедно со другите државни институции планираме акција за решавање на проблемот со дивите ромски населби на кејот на Вардар“, вели Богдановски. (Фото: СДК.МК)

    Наредниот месец Град Скопје ќе распише оглас за вработување на нови инспектори, за да може да ги засили контролата и казните. Сега Градот има 35 инспектори кои се подели во 10 инспекции и 18 комунални редари. Инспектори за животна средина кои треба да ги ловат загадувачите има само шест и таму ќе се вработат најмногу нови луѓе.

    „Со новите вработувања ќе ги зајакнеме контролите. Мапирани се црните точки кои предизвикуваат загадување. Со дрон ќе се снимаат критичните точки, а заедно со другите државни институции планираме акција за решавање на проблемот со дивите ромски населби на кејот на Вардар, кои постојано палат гуми и друг вид отпад. Сами овој проблем не можеме да го решиме бидејќи повеќето од нив немаат ниту лични карти, нема како да им пишеме казна, а и тоа да го направиме, џабе е“, вели раководителот на Инспекторатот на Град Скопје Мирослав Богдановски.

    За дивите погони кои вршат откуп на железо и бакар и дивите отпади, ќе се изрекуваат кривични пријави, за што казната е затвор.

    „Сите инспектори заради нивна безбедност на службените мобилни телефони ќе имаат ГПС уреди, со што во секој момент ќе имаме податоци каде се наоѓаат. Најмногу палење на огнови и отпад имаме во општина Сарај и од таму миризбата се чувствува во општините Ѓорче Петров и Карпош“, вели Богдановски.

    Минатата недела Град Скопје со дрон сними лице кое го палеше отпадот на неговата нива во Сарај и го казни со 1.000 евра.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари