ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА СО МЕНУВАЊЕ НА АСФАЛТОТ НА УЛИЦАТА ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА СО МЕНУВАЊЕ НА АСФАЛТОТ НА УЛИЦАТА ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИГрадоначалникот Петре Шилегов најави дека градежните работи ќе траат 20 дена и ги замоли граѓаните за трпение додека трае реновирањето. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје почна со реконструкција на улицата Димитрие Чуповски, на потегот од крстосницата со булевар Климент Охридски до ТЦ „Палома Бјанка“.

    Долж овој дел од улицата ќе се менува стариот и оштетен асфалт и ќе се поставува нов. Додека траат градежните работи ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Градоначалникот Петре Шилегов најави дека градежните работи ќе траат 20 дена и ги замоли граѓаните за трпение додека трае реновирањето.

    Делот на улицата Димитрие Чуповски кај „Рекорд“ нема да биде опфатен со оваа реконструкција. Како што кажа Шилегов за тој потег се прави проект за комплетно нов изглед кој наскоро ќе биде презентиран.

    Градот деновиве почна и со санација на мостот Гоце Делчев која ќе трае цело лето.

    „Мостот Гоце Делчев е еден од фундаменталните мостови во нашиот град и мораме со целосно внимание да се однесува кон него. На овој мост не е интервенирано 15 години. Ќе интервенираме во роковите кои ги имаме добиено од францускиот консултант кој што ја вршеше претходната реставрација“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари