ГРАД СКОПЈЕ ПОСТАВИ МЕРНА СТАНИЦА ЗА ВОЗДУХ НА ПЛОШТАДОТ ВМРО

    ГРАД СКОПЈЕ ПОСТАВИ МЕРНА СТАНИЦА ЗА ВОЗДУХ НА ПЛОШТАДОТ ВМРООваа е прва мерна станица која Град Скопје ја поставува низ градот.(Фото: Фејсбук)

    На плоштадот ВМРО, во центарот на градот, Град Скопје постави мониторинг станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух.  Сликите утрово на својот фејсбук профил ги објави градоначалникот Петре Шилегов и напиша ‘чистиот воздух и чистата животна средина немаат алтернатива‘.

    Оваа е прва мерна станица која Град Скопје ја поставува низ градот. Мерните станици кои ги има на 8 локации низ Скопје се поставени од Министерството за животна средина.

    Завчера, илјадници граѓани од цела Македонија протестираа барајќи од Владата конкретни и сериозни мерки против загадувањето.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари