ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖИ СО ГРАДБА НА МОСТОТ НА ЉУБЉАНСКА, ЗА КОЈ АРСОВСКА РЕЧЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ ОТИ ИМА МНОГУ ИМОТНО-ПРАВНИ СПОРОВИ

    ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖИ СО ГРАДБА НА МОСТОТ НА ЉУБЉАНСКА, ЗА КОЈ АРСОВСКА РЕЧЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ ОТИ ИМА МНОГУ ИМОТНО-ПРАВНИ СПОРОВИОд Град Скопје тврдат дека се расчистени сите имотно-правни односи на трасата. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје продолжи со изградбата на мостот од улицата Љубљанска до улицата Скупи, кој лани во август почна да го гради ексградоначалникот Петре Шилегов. Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска градежните работи беа стопирани и како што рече таа, ниту мостот на Љубљанска ни мостот на булевар АСНОМ не може да се градат бидејќи на трасата имало нерешени имотно-правни работи за кои било потребно години да се разрешат.

    Од оваа изјава на Арсовска поминаа 6 месеци, а сега од нејзиниот кабинет тврдат дека сите имотно-правни односи се разрешени и продложена е градбата на мостот преку Вардар.

    „Завршени се најголем дел од имотно-правните работи и изведувачот е воведен во градба. Трипартитниот договор кој беше потишан со изведувачот, Влада и Град Скопје го анексиравме затоа што не беше во согласност со Законот за градба односно немаше предмер на изведувачките работи“, велат од Град Скопје.

    Откако се почнати градежните работи поголем дел од кејот во овој дел е затворен со бетонски тараби. Засега оставен е само мал простор за минување на велосипедската патека. Велосипедистите почнаа да потпишуваат петиција на социјалните мрежи на која бараат од градските власти да не се затвора целосно кејот затоа што ќе биде спречено движењето.

    Мостот на Љубљанска почна да се гради лани во август со пари кои Град Скопје ги доби од Владата од програмата на ТАВ. На поставувањето на камен темелникот беше кажано дека ќе биде готов за 18 месеци со што ќе го забрза и олесни движењето на сообраќајот во овој дел од градот. Мостот ќе има 4 коловозни ленти, вклучувајќи и пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Чини 6 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира