ГРАД СКОПЈЕ СТАВИ СТОЛПЧИЊА ПРЕД „МЕРИОТ“ ЗА ДА НЕ СЕ ПАРКИРААТ ГОСТИТЕ

    ГРАД СКОПЈЕ СТАВИ СТОЛПЧИЊА ПРЕД „МЕРИОТ“ ЗА ДА НЕ СЕ ПАРКИРААТ ГОСТИТЕОд претпријатието велат дека плочникот пред хотелот, што е влез на Плоштадот Македонија, постојано е окупиран со паркирани коли од гости. (Фото: СДК.МК)

    Екипи на ЈП „Улици и патишта“ денеска поставуваат столпчиња пред хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје. Досега на плочникот имаше само подвижни знаци од хотелот, кои вработените ги тргаа и им дозволуваа на гостите слободно да се паркираат.

    Од претпријатието велат дека плочникот пред хотелот, што е влез на Плоштадот Македонија, постојано е окупиран со паркирани коли од гости.

    „Интервенираме по налог на инспекторатот на Град Скопје. Секој ден на овој дел вриеше од коли. Освен што беше блокиран влезот на плоштадот, се создаваше и хаос во движењето на возила на улицата“, велат од ЈП „Улици и патишта“.

    Утрово додека работниците од претпријатието работеле, вработени во хотелот реагирале и барале да не им се затвора влезот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира