ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ГО БЛОКИРА СКОПЈЕ, АВТОБУСИТЕ ЌЕ СТОЈАТ ПРЕД ВЛАДА ДОДЕКА ЈСП НЕ ДОБИЕ ПАРИ

    ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ГО БЛОКИРА СКОПЈЕ, АВТОБУСИТЕ ЌЕ СТОЈАТ ПРЕД ВЛАДА ДОДЕКА ЈСП НЕ ДОБИЕ ПАРИГрадоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје со ова практично сами го блокираат сообраќајот во главниот град, оти автобусите ја блокираат целата прометна улица и во сообраќајниот шпиц се прават километарски колони. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Неколкуте двокатни автобуси на ЈСП „Скопје“ ќе останат паркирани пред Владата додека не им се исплатат парите за ученички и студентски билети, велат од Град Скопје. Според надлежните од претпријатието и Град Скопје, Министерството за образование им должи 2 милиони евра, додека Владата и Министерството велат дека нема никаков долг.

    Градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје со ова практично сами го блокираат сообраќајот во главниот град, оти автобусите ја блокираат целата прометна улица и во сообраќајниот шпиц се прават километарски колони.

    Автобусите беа паркирани на булеварот Илинденска пред Владата во средата, во знак на простест затоа што Владата не ги исплатила парите. Поради тоа, како што рекоа градските власти, не може да им се исплати плата на вработените кои одбија да возат. Тогаш на протестот дојдоа само пет возачи на претпријатието, директорот Александар Стојковски и секретарот на Градот Зоран Глигоров. Вработените во ЈСП завчера протестираа во кругот на претпријатието, рекоа дека не знаат кој ќе блокира пред Влада, а откако одбија да возат завчера и вчера Скопје за првпат во историјата остана без јавен превоз. Вчера, Арсовска и раководството на ЈСП им се заканија со кривични пријави на организаторите на штрајкот.

    Градот вчера пренамени над 2 милиона евра за ЈСП „Скопје“ од други ставки во буџетот, а вработените денеска треба да ја добијат септемвриската плата.

    Градоначлничката Арсовска вчера на вонредната средница за пренамена на парите кажа дека и покрај тоа што се обезбедени пари за плати, Владата но и сите Општини треба да си го подмират обврските.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира