И ПАТОТ КОН СОНЧЕВ ГРАД НА ВОДНО СТАНА ПАРКИНГ

    И ПАТОТ КОН СОНЧЕВ ГРАД НА ВОДНО СТАНА ПАРКИНГВозила се паркирани од двете страни на патот, а наоколу расфрлено е ѓубре и отпад. (Фото: Фејсбук)

    Патот кој од Водно води кон Сончев град, секој викенд е претворен во паркинг. Откако Град Скопје воведе наплата од 100 денари на час на паркингот на Средно Водно, за да се намали бројот на возила, граѓаните најдоа ново место за паркирање. Покрај на патот кон Водно сега коли се паркираат и на новиот пат кон Сончев град, кој сè уште не е пуштен во употреба. Возила се паркирани од двете страни на патот, а околу расфрлено е ѓубре и отпад.

    Од Град Скопје велат дека станува збор за регионален пат и дека тие не можат да пишуваат казни за непрописно паркирање туку сообраќајната полиција. Од Министерството за внатрешни работи засега нема одговор.

    Градоначалникот Петре Шилегов по доаѓањето на градоначалничката функција за решавање на хаосот со паркирани возила го забрани движењето на коли на Водно, а беа пуштени три автобуски линии кои возат за викенд бесплатно. Но, неколку месеци подоцна се предомисли па ја смени одлуката односно дозволи движење на Водно, со тоа што дозволено е паркирање само на паркингот на кој цената е 100 денари од час.

    Но, ниту ваквата мерка не го спречи движењето на возила на Водно. Сообраќајна полиција ретко кога има да ги казнува несовесните граѓаните. Пред еден месеци и бесплатните автобуси на ЈСП „Скопје“ не можеа да стигнат до Средно Водно од паркирани возила на патот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира