Центарот за јавно здравје во Велес е вклучен во истражување за серо-епидемиолошката состојба со ковид-19, проект на Министереството за здравство, Институтот за јавно здравје и Светската здравствена организација (СЗО). Во истражувањето се вклучени пет возрасни групи – до 9 години, од 10 до 19, од 20 до 49, од 50-69 и над 70 години. Изборот на учесници е случаен, од списокот генериран од „Е-здравство“.
„Целта на ова истражување е да се утврди серопреваленцата на антитела кон ковид-19 во општата популација, и со тоа да се утврди кумулативниот имунитет населението. Лицата ќе бидат контактирани телефонски од вработен во Центарот, и повикани во здравствената установа. Ќе биде земена крв, која ќе биде испратена во Институтот за јавно здравје во Скопје, за понатамошна анализа“, кажа епидемиологот д-р Бојан Тодоровски.
Секој регрутиран учесник од кого е земен примерок за истражувањето ќе пополни прашалник кој опфаќа демографски, клинички и информации за изложеност на вирусот. Секој учесник ќе добие резултат од тестирњето по СМС порака, со напомена дека направеното тестирање не се користи во дијагностички цели.
П. ПЕЧКОВ