И ВЕЛЕС ВКЛУЧЕН ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА АНТИТЕЛА ЗА КОВИД-19 И КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ

    И ВЕЛЕС ВКЛУЧЕН ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА АНТИТЕЛА ЗА КОВИД-19 И КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТВо истражувањето е вклучен Центарот за јавно здравје во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Центарот за јавно здравје во Велес е вклучен во истражување за серо-епидемиолошката состојба со ковид-19, проект на Министереството за здравство, Институтот за јавно здравје и Светската здравствена организација (СЗО). Во истражувањето се вклучени пет возрасни групи – до 9 години, од 10 до 19, од 20 до 49, од 50-69 и над 70 години. Изборот на учесници е случаен, од списокот генериран од „Е-здравство“.

    „Целта на ова истражување е да се утврди серопреваленцата на антитела кон ковид-19 во општата популација, и со тоа да се утврди кумулативниот имунитет населението. Лицата ќе бидат контактирани телефонски од вработен во Центарот, и повикани во здравствената установа. Ќе биде земена крв, која ќе биде испратена во Институтот за јавно здравје во Скопје, за понатамошна анализа“, кажа епидемиологот д-р Бојан Тодоровски.

    Секој регрутиран учесник од кого е земен примерок за истражувањето ќе пополни прашалник кој опфаќа демографски, клинички и информации за изложеност на вирусот. Секој учесник ќе добие резултат од тестирњето по СМС порака, со напомена дека направеното тестирање не се користи во дијагностички цели.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира