ИНСПЕКТОР ПО ЕКОЛОГИЈА ГО УДРИЛА СТРУЈА ДОДЕКА ПРОВЕРУВАЛ ШТО ИСТЕКУВА ОД ЦИСТЕРНА НА ТАБАНОВЦЕ

    ИНСПЕКТОР ПО ЕКОЛОГИЈА ГО УДРИЛА СТРУЈА ДОДЕКА ПРОВЕРУВАЛ ШТО ИСТЕКУВА ОД ЦИСТЕРНА НА ТАБАНОВЦЕИнспекторот вршел проверка на вагон од кој истекувала киселина на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница, и сега е в болница на клинички центар ви Скопје (Фото: СДК.МК)

    Инспектор за заштита на животна средина добил изгореници на телото откако го удрила струја додека вршел проверка на вагон од кој истекувала киселина, на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница. Инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога Б. З. (43) од липковското село Слупчане, како службено лице бил повикан да изврши преглед на товарен воз кој сообраќа на релација Унгарија –Грција, кој бил во композиција од 15 вагони.

    Кога инспекторот се качил на вагон-цистерна од која истекувало натриумхиперхлорид, во еден момент најверојатно ги допрел жиците со струја со висок напон при што дошло до струен удар, а тој бил отфрлен од цистерната и паднал на земја.

    Б. З. добил изгореници по целото тело и со екипа на Итна медицинска помош бил префрлен во Кумановската болница, од каде бил препратен на КАРИЛ при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Куманово и инспектор за заштита и здравје при работа.

    Товарниот воз со цистерни пристигнал во Македонија околу 15 часот, при што вработените забележале дека истекува натриумхиперхлорид. Веднаш ги известиле Противпожарнта единица Куманово, Министерство за животна средина просторно планирање и СВР Куманово.

    Откако се случила несреќата, околу 19 часот, вработен во Железничка станица Куманово известил дека поради падот на температурата од цистрената повеќе не истекува течност и таа нејверојатно ќе се транспортира за Грција.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира