ЈСП НЕ ДОБИ 11 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ ЗА ДА ИМА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ ОТИ НЕ ГЛАСАА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    ЈСП НЕ ДОБИ 11 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ ЗА ДА ИМА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ ОТИ НЕ ГЛАСАА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕОдлуката не помина поради советнциите на ВМРО-ДПМНЕ, кои веќе една година не ги гласаат точките кои ги предлага Арсовска (Фото: К. Попов)

    ЈСП „Скопје“ не доби субвенции за да спроведе бесплатен автобуски превоз за пензионери и студенти, како и да има пари за плати за вработените. На последната седница на Советот на Град Скопје, која се одржа на 28 декември, на предлог на градоначалничката Данела Арсовска на дневен ред беше точка од буџетот за 2024 година да се префрлат 11 милиони евра на ЈСП „Скопје“.

    Како што стои во образложението, 140 милиони денари се потребни да се спроведе бесплатниот автобуски превоз за пензионери и студенти, 485 милиони денари за потешкотии во работењето или да може да се подели плата на вработените и 60 милиони денари за функционирање на АВЛ системот и смарт тикетингот.

    Но, одлуката не помина бидејќи не гласаа советнциите на ВМРО-ДПМНЕ, кои, освен за враќањето на споменикот на Ќосето, веќе една година не ги гласаат точките кои ги предлага Арсовска. „За“ гласаа 21 советник, еден беше против и тројца воздржани, што беше недоволно за да помине точката.

    Бидејќи не гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, субвенции не добија ниту ЈП „Лајка“, кое исто така се соочува со потешкотии во работењето, ниту ЈП „Градски паркинг“ за изградба на монтажни паркинзи.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира