ЈУГОХРОМ ЗАТВОРЕН УШТЕ ТРИ МЕСЕЦИ, ВРАБОТЕНИТЕ ДЕНЕСКА ЌЕ ГО БЛОКИРААТ АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО

    ЈУГОХРОМ ЗАТВОРЕН УШТЕ ТРИ МЕСЕЦИ, ВРАБОТЕНИТЕ ДЕНЕСКА ЌЕ ГО БЛОКИРААТ АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО

    Вработените во „Југохром“ денеска од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот Тетово-Скопје кај наплатната рампа во Желино во двата правца, поради, како што велат, неоправдано исклучување на печките на фабриката од погон. Протестот го организира синдикалната организација „Југохром Алзар“. Вчера, по најавата за протест, Државниот инспекторат за животна средина донесе Решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот Југохром за дополнителни 90 дена.

    Југохром е обвинуван од страна на еколошките организациии дека е еден од најголемите загадувачи во полошкиот регион. (Фото: СДК.МК)

    Југохром е обвинуван од страна на еколошките организациии дека е еден од најголемите загадувачи во полошкиот регион. (Фото: СДК.МК)

    Одлуката, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, е донесена по извршениот инспекциски надзор при што е констатирано дека комбинатот Југохром не ги исполнил активностите предвидени во Оперативниот план, меѓу кои се предвидува и поставување на системот за отпрашување.
    Југохром ги изгасна печките топење феросилициум на 1 ноември. Судбината на околу 800 работници на металуршкиот комбинат од Јегуновце останува крајно неизвесна. Поради тоа што фабриката неколку пати беше затварана и повторно пуштана во употреба, голем дел од работниците ги искористиле бенифициите од бирото за вработување и може да останат без никакви примања.

    Судбината на околу 800 работници на металуршкиот комбинат од Јегуновце останува крајно неизвесна. (Фото: СДК.МК)

    Судбината на околу 800 работници на металуршкиот комбинат од Јегуновце останува крајно неизвесна. (Фото: СДК.МК)

    Југохром во 2014 година доби двегодишен период во кој требаше да постави филтри за отпрашување на гасовите што произлегуваат од процесот на топењето на рудата. Тогаш проблеми се јавија при подготвувањето на техничката документација за филтрите но, според раководството на фабриката, најмногу време се изгубило околу добивањето на градежните дозволи од надлежните министерства. Според Законот за Заштита на животната средина бидејќи спаѓа во редот на големите еколошки загадувачи Југохром мора да поседува „А“ еколошка дозвола за работање што значи поставување на соодветни филтри и друга опрема за прочистување на воздухот од отпадните материи.
    Во изминативе неколку години, Југохром беше обвинуван од страна на еколошките организациии дека е еден од најголемите загадувачи во полошкиот регион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира