КОРИСТЕТЕ ЈА ОБИКОЛНИЦАТА ЗА ВЛЕЗ ВО СКОПЈЕ, КОГА СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА НОРМАЛНО Е ДА ИМА ГУЖВА, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    КОРИСТЕТЕ ЈА ОБИКОЛНИЦАТА ЗА ВЛЕЗ ВО СКОПЈЕ, КОГА СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА НОРМАЛНО Е ДА ИМА ГУЖВА, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕРеконструкцијата на булеварот по кој се влегува во Скопје од исток не можеше да се прави летово поради забрана за јавни работи за време на предизборна кампања - (Фото: Град Скопје)

    За влез во Скопје користете ги алтернативните рути, апелираат од Град Скопје откако вчера почна реконструкцијата на булеварот Александар Македонски односно источниот влез во градот.

    „Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир како и на исклучувањата кај населба Визбегово кон Момин Поток и населба Волково кон општина Ѓорче Петров“, информираат од Град Скопје

    Вчера градоначалникот Петре Шилегов на стартот на градежните работи кажа дека при секоја реконструкција на улица нормално е да има гужва во сообраќајот, но за да завршат градежните работи побрзо, ангажирани се три фирми.

    „Три фирми ќе работат истовремено и за 40 дена очекувам булеварот да биде готов и овој дел од Скопје кој 40 години не бил чепнат да добие нов лик и квалитетна инфраструктура. Летово не можевме да ја реализираме градежната офанзива како изминатите две години поради изборите кои се одржаа на 15 јули“, рече Шилегов.

    Реконструкцијата на булеварот Александар Македонски е на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира