ЛЕКАР ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА ПРОДАВАЛ ЛАЖНИ НЕГАТИВНИ ПЦР ТЕСТОВИ ЗА КОВИД-19

    ЛЕКАР ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА ПРОДАВАЛ ЛАЖНИ НЕГАТИВНИ ПЦР ТЕСТОВИ ЗА КОВИД-19Лекарот продал два лажни негативни теста за вкупно 4.500 денари. (Фото: СДК.МК)

    Лекар во Гостиварската болница е осомничен дека продавал лажни негативни ПЦР тестови за ковид-19, соопшти Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар. Полицијата до Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднела кривична пријава против Е. М.(45) од гостиварско Чегране, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, односно се сомничи дека продавал лажни ПЦР-тестови за присутност на ковид-19. Обвинителтвото соопшти дека отвори постапка и од судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.

    „Е. М. се сомничи дека на 7 и 9 овој месец, како лекар во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’, на две лица им изготвил лажни негативни ПЦР-тестови за патување во странство. За тоа тој има наплатил 3.000, односно 1.500 денари или вкупно 4.500 денари“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Е. М. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира