Медицинска сестра од Одделот за неонатологија при Штипската клиничка болница за детски болести е позитивна на коронавирус поради што таа е под посебна терапија, а шест нејзини колешки што биле во истата смена се ставени во домашна изолација.
„Во изолација се доктори, медицински сестри и болничари кои имале контакт со медицинската сестра кои работеле и во одделот каде амбулантски се следи состојбата на родилки и новороденчиња. Затоа, превентивно се следи состојбата и на седум родилки во Неонаталошкото одделение во Клиничката болница во Штип“, вели директорот Ален Георгиев.
Тој додава дека моментно на Инфективното одделение во Штип се хоспитализирани 18 пациенти, а за еден пациент се очекуваат резултатите од тестирањето.
Т. ЈОВАНОВСКИ