МЕТЕЖ ОД КОЛИ И КАМИОНИ НИЗ ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ШТИП ОТКАКО СООБРАЌАЈОТ ОД ОБИКОЛНИЦАТА Е ПРЕНАСОЧЕН НИЗ ГРАДОТ

    МЕТЕЖ ОД КОЛИ И КАМИОНИ НИЗ ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ШТИП ОТКАКО СООБРАЌАЈОТ ОД ОБИКОЛНИЦАТА Е ПРЕНАСОЧЕН НИЗ ГРАДОТИ пред да биде воспоставен новиот режим на сообраќај оваа улица беше најфрекфентна, но сега е пренатрупана со моторни возила па речиси преку целиот ден сообраќајот се одвива во колони.(Фото :СДК.МК)

    Веќе една недела возилата од експресниот пат од Радовиш за Скопје и од автопатот Миладиновци – Три чешми во правец за Радовиш и Струмица, поради работи на обиколниците се пренасочуваат да минуваат низ Штип.

    На главната улица Гоце Делчев која ги поврзува овие патни правци  секојдневно се создава метеж. И пред да биде воспоставен новиот режим на сообраќај оваа улица беше најфреквентна, но сега е пренатрупана со моторни возила па речиси преку целиот ден сообраќајот се одвива во колони.

    Штипјани кои секојдневно ја користат оваа улица за влез или излез од градот, како и за заминување или враќање од работа од индустриската зона реагираат на густиот сообраќај посебно во шпицовите и воопшто на воспоставениот режим.

    „И ден и ноќ човек не може да одмори. Нон стоп брмчат моторни возила.  Некои од тешките возила речиси допираат до куќите“, велат жители кои живеат на улицата.

    Градоначалникот на Штип, Сашко Николов лани кога се најави ваквиот можен сообраќај кажа дека штипските улици нема да можат да издржат густ сообраќај и прифаќање тешки моторни возила од обиколниците, дека со движење ќе имаат возилата на Брза помош, како и големиот број автобуси кои ги превезуваат работниците до фабриките.

    Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  вели дека реконструкцијата на оваа делница ќе трае  3-4 месеци.

    За да не се користи Штип за преминување требало да се пробие пат од месноста Калимерово до Три Чешми, но поради краткиот тајминг Владата и ресорното министерство одлучиле заради побрзо завршување на работите да се пренасочува сообраќајот низ Штип. Пропаднала и варијантата за користење на патот кај Бањата Ќежовица, но тоа не го дозволувал и мостот на реката Брегалница на влезот во Штип од страна на Радовиш кој е тесен и со недоволна носивост.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира