МИСТЕРИОЗНАТА ДИВОГРАДБА ШТО ЦЕНТАР ЈА ЗАПРЕ ПРЕД ДВА МЕСЕЦА СТАНА ЗГРАДА, ЖЕРНОВСКИ ЌЕ ЈА УРИВА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИСТЕРИОЗНАТА ДИВОГРАДБА ШТО ЦЕНТАР ЈА ЗАПРЕ ПРЕД ДВА МЕСЕЦА СТАНА ЗГРАДА, ЖЕРНОВСКИ ЌЕ ЈА УРИВА

    Дивоградбата на аголот на булеварот Никола Карев и улицата Самоилова, која Општина Центар пред два месеци ја стопираше, сега е веќе зграда. Инспекторите од Центар утврдија дека објектот е дивоградба во период кога тој сѐ уште не беше издигнат над земја. На терен тогаш излегле и инспектори од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и заеднички констатирале дека се работи за дивоградба на непознат сторител. Општината изготви решение за стопирање на градбата и му наложи на непознатиот сторител да ја отстрани градбата, но два месеци подоцна градбата не само што не е отстранета туку е и порасната.

    Од Центар сега велат дека се подготвуваат да ја урнат.

    „Се прават пресметки колку пари Општината ќе ја чини уривањето. Кога ќе завршат пресметките ќе побараме асистенција од полиција и кога ќе ја добиеме, ќе ја урнеме дивоградбата. Будно ја следиме состојбата со овој објект и ќе ги преземеме сите мерки како и за другите дивоградби“, рече градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, одговарајќи на советничко прашање.

    Против непознатиот сторител ќе се преземат и мерки оти не го почитувал првото решение за стопирање на градбата и како што вели градоначалникот Жерновски, само еден дел откако инспекцијата го запечатила градилиштето, тој ја искинал лентата и продолжил со градење.

    „Не знаеме кој стои зад оваа градба и кој го охрабрува инвеститорот да гради. Кај нас тој се води сѐ уште како непознат сторител кој повеќекратно ги прекршува законите“, рече градоначалникот на денешната седница на Советот на Општина Центар.

    Општинската градежна инспекција ја воочила дивоградбата уште кога била во фаза на широк ископ и донела решение за враќање на теренот во првобитна состојба, но никој не го примил решението. Инспекторите неколкупати на објектот оставале пораки инвеститорот да дојде во Општина Центар, но тој ниту дошол ниту престанал со градење. Затоа општинската инспекција заедно со државните инспектори направиле уште еден увид и потоа го запечатиле градилиштето, а резултатот од запечатеното градилиште е веќе зграда на неколку ката.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира