НА 25 МАЈ ВО ВЕЛЕС СЕ ОТВОРА ВАКЦИНАЛЕН ПУНКТ ЗА МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА ОД КОВИД-19

    НА 25 МАЈ ВО ВЕЛЕС СЕ ОТВОРА ВАКЦИНАЛЕН ПУНКТ ЗА МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА ОД КОВИД-19Пунктот ќе биде во салата на средното училиште „Коле Неделковски“ и е работи во две смени. (Фото: СДК.МК)

    На 25 мај во Велес ќе се отвори  вакцинален пункт за масовна вакцинација против ковид-19, ќе биде во салата на средното училиште „Коле Неделковски“, кажа денеска градоначалникот Аце Коцевски. Досега, велешани се вакцинираа во пунктот за масовна вакцинација во Кавадарци, а повозрасните во Здравствениот дом Велес, каде досега се вакцинирани 1.400 граѓани.

    „До 20 мај треба да се завршат подготовките и да се опреми пунктот, на 21 и 22 е пробната вакцинација. Со големо задоволство можам да кажам дека претставници на бизнис заедницата од градот одговорија позитивно и ќе се вклучат во опремувањето на вакциналниот пункт, некои со донирање средства и опрема, други со финансии. Тие ја покажаа својата општествена одговорност. Не е лесна работа да се опреми и работи, туку треба континуирано да работи“, кажа градоначалникот Коцевски.

    Пунктот ќе има 15 кабини, со по четири доктори и осум сестри во една смена, а ќе работи двосменски. Во работата ќе се вклучат и волонтерите од општинскиот Црвен крст. Во салата во тек се со градежни активности, а во наредните денови треба да се набават компјутери и печатари и ќе се постави и агрегат. Во овој пункт ќе се вакцинираат граѓани освен од Велес и од соседните Општини Градско, Чашка, Лозово.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира