НА ПЛОШТАД ДА МЕ ПРЕТЕПАТЕ, ВАКОВ КРИМИНАЛЕН РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ „ПОИНАКУ“ НЕМА ДА ГЛАСА, РЕЧЕ ИЛИЕВСКА, А КОЊАНОВСКИ ВОЗВРАТИ ДЕКА РЕВИЗИЈАТА НЕ НАШЛА НИШТО СПОРНО

    НА ПЛОШТАД ДА МЕ ПРЕТЕПАТЕ, ВАКОВ КРИМИНАЛЕН РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ „ПОИНАКУ“ НЕМА ДА ГЛАСА, РЕЧЕ ИЛИЕВСКА, А КОЊАНОВСКИ ВОЗВРАТИ ДЕКА РЕВИЗИЈАТА НЕ НАШЛА НИШТО СПОРНОНа здружението „Мјузик арт“ од 2022 досега од Општина Битола се исплатени 64.000 евра, рече Илиевска. (Фото: СДК.МК)

    Претседателката на битолскиот Совет Габриела Илиевска на денешната седница, на која на дневен ред е ребалансот на буџетот со кој се бараат и повеќе пари за културата, од говорницата јавно обвини дека Општина Битола ја тресе криминална афера во која организацијата на отворањето на Битфест беше дадена на Здружението „Мјузик арт“ без јавен повик. Илиевска го праша градоначалникот Тони Коњановски, кој беше присустен во салата, дали знае дека „сосема случајно, избраното здружение да биде организатор на Битфест е составено од два брачни пара и уште едено лице, сите челенови на Камерниот оркестар, кој пак настапуваше на отворањето?“.

    „Дали знаете дека овластени лица на национална установа како што е Камерниот оркестар, кои имаат здуженија на граѓани, не смеат да земаат пари за себе од установата и од други државни иснтитуции? Дали знаете дека здружение на граѓани не може да затапува национална установа? Инкриминиравте шест вработени лица во Општината кои ги натеревате на 17 мај да одржат Комисија за евалуација на понуди и да донесат одлука за доделување на средства кога во исто време беа стигнати писма од ДКСК и Министерство за финансии и дека целосно е забрането носење на вакви одлуки“, рече Илиевска.

    Потоа од говорницата прочита податоци од интернет страницата Отворени финансии на Министерство за финансии за 12 исплати од Општина Битола и две од КИЦ од 2022 година па наваму во купен износ од 3.962.070 денари или над 64.000 евра исплатени кон здружението „Мјузик арт“. КИЦ е Културно-информативен центар – Офицерки дом кој е исто така под Општината, а исплатиле 147.00 денари, иако на претходните седници на Советот раководните лица кажуваа дека тешко издвојуваат пари дури и за плата.

    Илиевска побара од градоначалникот самиот да го повлече ребалансот, а другите советници да не гласат оти ќе бидат соучесници на, како што кажа, најголемите криминални афери во Општината.

    „Повеќе, градоначалниче, не мора да пуштате пајташи кај мене, јавно, јасно и гласно ќе ви кажам, сè додека Општина Битола бара 81 милион за професионален спорт, а само 800.000 денари за училиштен спорт, кога пропаѓаат сите детски спортски терени, училишни терени, спортски сали во училиштата, сè додека барате на бело, а на црно уште којзнае колку, 30 милиони за култура, а градот ни е претворен во депонија, смрди, имаме дупки и нерешена канализација, сè додека барате субвенции за јавни претпирјатија каде поставивте директори кои не можат да обезбедат ни основна плата и имаат сметки со ненормални загуби, ви кажувам јавно, јасно и гласно на плоштад да ме претепате, ваков криминален ребаланс Поинаку нема да гласа“, рече Илиевска.

    Коњановски рече дека на нејзините и другите совтенички прашања ќе одговори писмено во законскиот рок. Во обраќањето до советниците рече дека пред нив е толку тешка тема како ребалансот, а повторно Советот започнува со евтин дефокус за работењето на Општината.

    „Јавноста беше доста запозната и во делот на она што беше наведено како советничко прашање од страна на претседателката, еден настан кој фрли светлина на сето она што се случува кај нас, ете првпат слушам дека некој наоѓа замерки на тој настан и сите тешки обвинувања искажани за културата, наместо да се насочиме кон сериозната тема за ребалансот во делот на инфраструктура, проекти, средства за субвенционирање на јавните претпријатија. Општината беше подложна на државна ревизија, не само што не беше најдено ништо, туку бевме посочени како светол пример во работењето споредено со други институции“, рече Коњановски.

    Вчера, Општината за САКАМДАКАЖАМ.МК која прва ја објави темата за финансирањето на Битфест, соопшти дека поради изборите не можеле да распишат јавен повик, па понудите ги оценила Комисија за евалуација и дека целата постапка е законски спроведена. Битфест беше отворен на 3 јули на Градскиот стадион со големиот музички настан „Ѕвездена симфонија“ на која настапија познати музички ѕвезди и Камерниот пркестар од Битола. На „Мјузик арт“ за „Ѕвездената симфонија“ му се исплатени 1.000.050 денари, а вкупно треба 1.500.000 колку што првично беа предвидени за цел Битфест, за што сега со ребалансот се бараат уште 5 милиони денари за други настани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира