НА СКОПСКАТА УЛИЦА ЕСЕНИНОВА СЕ ВОЗИ, АРСОВСКА 2 ГОДИНИ НЕ ЈА ПУШТА ВО УПОТРЕБА

    НА СКОПСКАТА УЛИЦА ЕСЕНИНОВА СЕ ВОЗИ, АРСОВСКА 2 ГОДИНИ НЕ ЈА ПУШТА ВО УПОТРЕБАСпоред проектот, новата улица е долга 730 метри, почнува од Кисела Вода кај Рампа покрај пругата кон амбулантата „Пролет“ и излегува на булеварот Трета македонска бригада во Општина Аеродром. (Фото: СДК.МК)

    Се вози на новата улица Есенинова во Скопје, која ги поврзува општините Аеродром и Кисела Вода, но градоначалничката Данела Арсовска не ја пушта во употреба. Улицата е изградена, поставени се и семафори и се користи за сообраќај.

    Оваа улица беше речиси целосно изградена од ексградоначалникот Петре Шилегов, но по доаѓањето на функција на Арсовска проектот како и многу други беше стопиран. Арсовска вели дека имало проблеми околу бунарите, но поминаа речиси две години, а улицата не се пушта официјално во употреба.

    Според проектот, новата улица е во должина од 730 метри, почнува од Кисела Вода кај Рампа покрај пругата кон амбулантата „Пролет“ и излегува на булеварот Трета македонска бригада во Општина Аеродром.  Има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада. Со пуштање во сообраќај на оваа улица ќе се намалат гужвите кај „Тутунски комбинат“.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира