НАД 40 ОТСТО ОД БЕБИЊАТА ВО ВЕЛЕШКО СЕ РАЃААТ ВО БОЛНИЦИ ВО ДРУГИ ГРАДОВИ

    НАД 40 ОТСТО ОД БЕБИЊАТА ВО ВЕЛЕШКО СЕ РАЃААТ ВО БОЛНИЦИ ВО ДРУГИ ГРАДОВИЛани од 329 новороденчиња, 192 се родени во Велес, а останатите во други градови, најмногу во Скопје.(Фото: СДК.МК)

    Од година в година расте бројот на новороденчиња од Велес кои се раѓаат во болниците во земјава, а не во Општата болница Велес. Во 2017 односот бил 20 отсто односно од вкупно 535 бебиња на Акушерското одделение од Велешка болница биле родени 418 бебиња. Лани, дури 40 отсто од новороденчињата на мајките со адреса на живеење во Велес се родиле на некоја друга клиника. Или во бројки, тоа е од 329 новороденчиња, 192 се родени во Велес.

    Остатокот се родиле најмногу на некоја клиника во Скопје, 116, во Битола 9, и што е новина, во Штип се родиле 9 бебиња. Две бебиња се родиле во Швајцарија и Италија, а нивните родители се вратиле да живеат во Велес. Процентот на бебиња кои се родиле во некоја болница надвор од Велес од 20 отсто, пораснал на 25, па на 31% во 2021, за лани да стигне до 40 отсто. Засега нема истражување што е причината за ваквата појава.

    „Дел од ова лежи и во можноста на младите мајки кои користат приватни осигурувања, што им овозможува породување во приватни болници“, сметаат докторите од Акушерското одделение од Велешка болница.

    На Акушерското одделение во 2023 имало 300 породувања, што е за 83 помалку отколку во 2022.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира