НАМЕСТО ОД УЧИЛНИЦА НАСТАВНИЦИТЕ ДА ДРЖАТ ОНЛАЈН НАСТАВА ОД ДОМА, ПРЕПОРАЧА КРИЗНИОТ ШТАБ ВО КУМАНОВО

    НАМЕСТО ОД УЧИЛНИЦА НАСТАВНИЦИТЕ ДА ДРЖАТ ОНЛАЈН НАСТАВА ОД ДОМА, ПРЕПОРАЧА КРИЗНИОТ ШТАБ ВО КУМАНОВОНаставниците да почнат да работат од дома за да се намалат физичките контакти и да се спречи ширењето на коронавирусот, препорача кумановскиот Општински штаб за заштита и спасување. (Фото: СДК.МК)

    Наставниците коишто држат онлајн настава на учениците во основните и средните училишта, да почнат да работат од дома за да се намалат физичките контакти и да се спречи ширењето на коронавирусот, препорача Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово на денешниот состанок.

    „Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака до раководните лица на сите основни и средни општински училишта, во согласност со нивните овластувања, да го редуцираат физичкото присуство на наставниот кадар во училиштата кој реализира онлајн настава, истата да ја реализира од дома, со цел да се намалат физичките контакти помеѓу вработените во училиштата“, велат од Штабот.

    Исто така, тие апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата за социјална дистанца и носење на заштитни маски, како и да нема групирање на отворено и во затворени простории.

    Вчера во Куманово имаше уште 25 новорегистрирани позитивни од ковид-19, а во моментов активни се 844 болни.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира