НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ПИКНИК, ПОЛИЦИЈАТА ГИ БРКА ГРУПИТЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ

    НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ПИКНИК, ПОЛИЦИЈАТА ГИ БРКА ГРУПИТЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ„Не е време за пикник“, им рекоа полицајците на група млади луѓе кои поставија лулашка во тревата во паркот.(Фото: СДК.МК)

    Полицијата денеска патролира низ Градскиот парк во Скопје и ги брка групите кои се собираат. Според препораките и мерките на Владата за да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот, граѓаните треба да седат дома и да не се групираат.

    „Не е време за пикник“, им рекоа полицајците на група млади луѓе кои поставија лулашка во тревата во паркот. Ги бркаа и луѓето кои седеа на клупите во паркот.

    Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска кажа дека досега се поднесени вкупно 24 кривични пријави против 29 лица, помал дел од нив по основ на членот 205 од Кривичниот законик ‘пренесување на заразна болест‘, а повеќето по основ на член 206 ‘непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, како и три известувања до Обвинителството, а се однесуваат на член 206 од Кривичниот законик.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира