НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ ПРАВНО-ФОРМАЛНИТЕ УСЛОВИ ЗА РУДНИКОТ ИЛОВИЦА, ЗАЕВ НАЈАВИ ОДЛУКА ВО ВТОРНИК

    НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ ПРАВНО-ФОРМАЛНИТЕ УСЛОВИ ЗА РУДНИКОТ ИЛОВИЦА, ЗАЕВ НАЈАВИ ОДЛУКА ВО ВТОРНИКИ денеска, на планината Огражден беа активистите од „Здрава котлина“ и „Еко долина“ со жители од општините Босилово и Ново Село, кои не дозволија археолозите од струмичкиот Музеј да заминат на ископувања и истражувања платени од „Еуромакс“ на локалитетите каде е планиран рудникот. (Фото: Активисти против рудникот Иловица-Штука)

    „Правно-формалните можности за рудникот Иловица не се исполетни. Отприлика тоа го знаат и граѓаните и концесионерите. Одлуката ќе ја соопштиме во вторник“, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање што со рудникот Иловица-Штука, каде пет дена активистите против рудници ги блокираат струмичките археолози да вршат археолошко истражување на концесискиот простор на Огражден каде е планиран рудникот.

    „Мислам дека веќе имаме подготвен материјал на правните аспекти. Знаете лично бев со граѓаните, концесионерите, еколошките здруженија за да извлечеме максимум на сите аспекти. Ние сме Влада и секако најважно за нас е што тоа граѓаните зборуваат, но истовремено важни се и правно-формалните аспекти. Ако биде сè завршено, одлуката ќе ја донесеме во вторник, ако не следниот вторник. Одлуката треба да ја донесе Владата. Јас не би коментирал претходно оти ќе излезам отпосле за да ја образложам донесената одлука со сите нејзини детали. Но отприлика знаат и граѓаните и концесионерите, правно-формалните можности не се исполнети“, рече Заев.

    И денеска на планината Огражден беа активистите од „Здрава котлина“ и „Еко долина“ со жители од општините Босилово и Ново Село, кои не дозволија археолозите од струмичкиот Музеј да заминат на ископувања и истражувања дали на локалитетите каде е планиран рудникот има какво било културно наследство. Вчера, малку недостасуваше да дојде до судир на активистите со локалните жители кои беа ангажирани од компанијата „Еуриомакс“ за ископувања.

    В. ТРАЈКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари