НЕКА НИ ИСПЛАТИ АРСОВСКА ДЕЛ ОД ДОЛГОТ И ЌЕ ВОЗИМЕ ДОДЕКА ИЗБЕРЕ НОВИ ПРЕВОЗНИЦИ, РЕКОА ПРИВАТНИЦИТЕ НА БЛОКАДАТА НА ИЛИНДЕНСКА

    НЕКА НИ ИСПЛАТИ АРСОВСКА ДЕЛ ОД ДОЛГОТ И ЌЕ ВОЗИМЕ ДОДЕКА ИЗБЕРЕ НОВИ ПРЕВОЗНИЦИ, РЕКОА ПРИВАТНИЦИТЕ НА БЛОКАДАТА НА ИЛИНДЕНСКАПриватните превозници утрово со 200 автобуси и 300 возачи го блокираа булеварот Илинденска.(Фото: К. Попов)

    Приватните превозници на денешниот протест пред бараките на Град Скопје ѝ понудија на градоначалничката Данела Арсовска да им се исплати дел од долгот од 1,5 милиони евра и тие ќе возат додека таа избере нови превозници. Велат дека ова е компромисно решение за да не страдаат граѓаните кои немаат автобуси, а дополнително се и нервозни поради блокираниот град.

    Градоначалничката Арсовска ниту денес не ги прими приватните превозници за да ги слушне нивните барања кои не се закани. Превозниците се спремни веднаш да почнат со вршење на превозот оној момент кога ќе им биде расчистен долгот или барам дел од долгот. Гледаме дека јавните претпријатија добиваат пари за да може да функционираат и да поделат плата. Исто и приватните превозници извршуваат јавна дејност и за да можат да ја вршат и да земат плата потребни им се пари. Доколку сакаат да се реши проблемот еве им шанса тоа да го направат. Ќе се одржуваат линиите сè до оној оглас кој го најавува Араовска за избор на нови превозници. Ова што сега се случува е невидено. Па ни приучен менаџер нема да го избрка работникот ако не му најде замена“, рече директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски.

    Јовановски кажа дека „Слобода превоз“ досега не добила решение за раскинување на договорот од Градот, иако вчера оттаму соопштија дека го раскинале.

    Приватните превозници утрово со 200 автобуси и 300 возачи го блокираа булеварот Илинденска, нешто по 15 часот возилата почнаа да си заминуваат. Ако не добијат позитивен одговор од Арсовска, в понеделник ќе блокираат три клучни крстосници во градот и тоа кај ТЦ „Мавровка“, Црвен крст и пред Влада.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира