НЕМА ИНСУЛИН И ЛЕНТИ ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ВО КУМАНОВО 

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ИНСУЛИН И ЛЕНТИ ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ВО КУМАНОВО 

    Дијабетичарите од Куманово се жалат дека со месеци не можат да обезбедат некои типови на инсулин и ленти за мерење на нивото на шекер во крвта. Иако е почеток на јануари, кога треба да ја добијат редовната месечна доза во Центарот на дијабетес и денеска пациентите останаа без лек.

    „Последниот инсулин ‘новомикс 30’ го зедов на 5 ноември и оттогаш повеќе го нема. Поминаа два месеци го трошам последното пенкало, а потоа не знам што ќе правам. Има голем процент и на сменети инсулини од еден тип на друг што е исто така страшна работа за нашиот организам. Сега е почеток на месец, а како што сами гледате од 10 души 8 се вратени бидејќи нема инсулин, ленти или иглички за боцкање“, вели Стефан Јовановски, дијабетичар и поранешен претседател на Здружението на дијабетичари во Куманово.

    Татко на 10-годишно дете кое има дијабетес тип еден вели дека неговата агонија трае 1 месец, затоа што не може да ги добие лентите за мерење на нивото на шеќер во крвта што му следуваат. Уште пред триесетина дена им било речено дека ќе добијат нови апарати и ленти за мерење на шеќерот, но засега ништо.

    „Доаѓаме речиси секој втор ден во надеж дека ќе пристигнат лентите. Моето дете се боцка 4 пати на ден и затоа сме зависни од ленти и инсулин и од игли. Мора да се снаоѓаме како знаеме и умееме, позајмуваме од пријатели, купуваме ленти во аптеки, па тие не одговараат за нашето апаратче и принудени сме да набавуваме ново.Сето тоа чини пари и нерви. Дијабетот е сериозна работа и нема играње, шеќерот мора постојано да се контролира инаку последиците се катастрофални. Моето дете прима посебен тип на инсулин кој не може да се најде во аптеките. Крајно време е државата да ги преземе потребните мерки и да го реши проблемот на оваа ризична група на пациенти, посебно на малите деца“, вели Никица Кипријановски.

    Исто е мислењето на уште неколку пациенти кои ги затековме во Центарот за дијабетис, а ни рекоа дека се од подалечните кумановски села и секое доаѓање во градот ги чини многу пари и време.

    Директорот на Кумановската болница Ариф Љатифи потврди дека имаат проблем со обезбедувањето на инсулин за болните од дијабетес, но вели дека тоа не зависи од нивната болница, туку од Министерството за здравство.

    Во Куманово има евидентирани 7.000 дијабетичари од кои околу 2.000 се на инсулинска терапија. Нивниот број постојано се зголемува, а сѐ почесто болеста се јавува меѓу децата и младите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира