НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА КОЛИТЕ НА КЕЈ 13 НОЕМВРИ, ШЕТАЛИШТЕТО СЕКОЈ ДЕН Е ПАРКИНГ

    НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА КОЛИТЕ НА КЕЈ 13 НОЕМВРИ, ШЕТАЛИШТЕТО СЕКОЈ ДЕН Е ПАРКИНГСекој ден низ кејот не само што се движат возила, туку секој слободен простор меѓу летните тераси на кафулињата е со паркирани возила. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Кејот 13 Ноември во Скопје никако да се ослободи од паркирани коли. И понатаму, секој ден низ кејот не само што се движат возила, туку секој слободен простор меѓу летните тераси на кафулињата е со паркирани возила. Редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК при движењето од едниот до другиот крај на кејот за 10 минути изброи 20 паркирани коли и уште десетина возила кои си возеа низ кејот. Од нив само неколку беа за дотур на стока, повеќето беа возила на граѓани кои беа седнати во кафулињата.

    Од Град Скопје велат дека станува збор за наследен проблем од минатото раководство кој не е лесно да се реши бидејќи ексградоначалникот Коце Трајановски донесе одлука улицата за пристап до зградата на „Телеком“ да биде низ шеталиштето.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Ваквата слика е секојдневие за овој дел од центарот на градот. Од движењето на возилата плочникот долж кејот е искршен и уништен.

    Од Град Скопје од доаѓањето на функција на градоначалникот Петре Шилегов најавуваат решавање на овој проблем. Од таму објаснуваат дека станува збор за наследен проблем од минатото раководство кој не е лесно да се реши бидејќи ексградоначалникот Коце Трајановски донесе одлука улицата за пристап до зградата на „Телеком“ да биде низ шеталиштено.

    Возилата слободно се паркираат низ шеталиштето оти нема полиција ниту пајак служба да казнува. (Фото: Ѓ.Личовски)

    „Станува збор за покомплексно прашање, бидејќи тука има рампа и паркинг за пристап на угостителските објекти во вид на дотур на роба, како и за објектите на ГТЦ и ‘Телеком‘, па неретко истото се злоупотребува од несовесни граѓани кои паркираат возила на оваа локација. Оваа состојба и хаос се наследени и истите се резултат на непланското работење на претходната градска администрација, бидејќи овој потег беше предвидена подземна сообраќајница, но во одреден момент инвеститорот беше ослободен од обврската да ја изгради. Во соработка со ‘Телеком‘ и со угостителите работиме на идејно решение. Решавањето на проблемот на кејот ќе биде дел од смарт решенија кои ќе го регулираат сообраќајот и нема да дозволат секој да може да влегува и да паркира на овој потег. Во сето тоа примарно за нас е да ги задоволиме и потребите на граѓаните тука да имаат простор како шеталиште“, велат од Град Скопје.

    Од движењето на возилата плочникот долж кејот е искршен и уништен. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Освен што Град Скопје сѐ уште нема решение за овој проблем, на терен ја нема ниту полицијата да казнува, ниту пајак службата да ги подигнува непрописно паркираните возила. Се случува да излезат да интервенираат откако медиумите ќе напишат за состојбата на шеталиштето, но тоа трае само еден ден и потоа состојбата е по старо.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира