НЕРВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА СТАНУВА КОВИД-ЦЕНТАР, А СТРУШКАТА ЌЕ ГО ПОЛНИ И ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ

    НЕРВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА СТАНУВА КОВИД-ЦЕНТАР, А СТРУШКАТА ЌЕ ГО ПОЛНИ И ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕБројот на хоспитализирани во Охридската болница моментално е 80 пациенти, со што болницата скоро ги исполни сите предвидени легла за ковид-болните. (Фото: СДК.МК)

    Сите здравствевни установи во Охрид да помогнат во лекување на сѐ поголемиот број заболени од ковид-19, е одлуката на последниот состанок на Кризниот штаб на општина Охрид по вчерашните 49 новозаболени. Бројот на хоспитализирани во Охридската болница моментално е 80 пациенти, со што болницата скоро ги исполни сите предвидени легла за ковид-болните. Се прават нови преадаптации на одделенијата, но тоа нема да е доволно ако бројот на позитивни и понатака расте. Ковид-центар од денес ќе биде и Нервното одделение, а срцевоболните се препраќаат во Заводот за кардиологија „Свети Стефан“.

    „Во зависност од ситуацијата ќе иселуваме одделни оддели. Во Охрид имаме огромен број позитивни пациенти кои доаѓаат. Наше е како болница да ги згрижиме сите потешко болни пациенти“, вели Горан Балев, директор на болницата во Охрид.

    И во Струга состојбата е загрижувачка. Моментално има 18 пациенти во болнички услови, со што е исполнето Интерното одделение, па болницата ќе го преадаптира Детскиот оддел.

    „Имаме план за други одделнија да ги преадаптираме за лекување на корона-пациенти. Кажувам да не се шири страв кај граѓаните на Струга, ние функционираме и ќе работиме по секојдневните потреби на пациентите“, вели Мухамед Асани, директор на Струшката болница.

    Од почетокот на пандемијата, Струшко бележи најголема смртност од ковид- 19 во земјава. Како последица на комппликации до денес починаа 75 пациенти.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира