НОВ АСФАЛТ КАДЕ ШТО ЌЕ МИНУВА ПАПАМОБИЛОТ СО ПАПАТА ФРАЊО

    НОВ АСФАЛТ КАДЕ ШТО ЌЕ МИНУВА ПАПАМОБИЛОТ СО ПАПАТА ФРАЊОЕкипите на ЈП „Улици и патишта“ го гребат стариот слој и ќе поставуваат нов асфалт за да нема дупки и нерамнини кога ке поминува Папата. (Фото: СДК.МК)

    На улицата Димитрие Чуповски во Скопје кај „Рекорд“ се поставува нов асфалт за папата Фрањо, кој на 7 мај ќе биде во еднодневна посета на Скопје. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ го гребат стариот слој и ќе поставуваат нов асфалт за да нема дупки и нерамнини кога Папата во спацијалното возило „папамобил“ од улицата Македонија ќе се движи кон Плоштадот Македонија каде што ќе одржи света литургија.

    „Се санира асфалтот кај „Рекорд“ поради посетата на папата Фрањо“, ни рекоа кусо од ЈП „Улици и патишта“.

    Светата литургија на Папата на Плоштадот Македонија ќе почне во 11.30 часот. Се очекува на неа да присуствуваат над 15.000 верници. Билетите бесплатно се даваат во католичките цркви низ земјава.

    Кога папата Фрањо ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање на било какви предмети, дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.

    Центарот на градот на 7 мај ќе биде затворен за сообраќај од 9 часот. Граѓаните кои ќе присуствуваат на литургијата треба да се на Плоштадот најдоцна до 9 часот. Со себе не смејат да носат чадори, експлозивни направи, запалки, петарди, факли, запаливи смеси и течности, спрееви и шишиња со компримиран воздух, огнено и ладно оружје. Забрането ќе биде внесување и на храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа, алкохол.

    „Сите учесници со себе треба да имаат влезница и личен документ лична карта или пасош, хронично болните да носат и здравствена книшка и историја на болеста, како и најпотребните лекови кои ги користат. Водтаа и освежувачките пијалоци треба да бидат само во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа. Доколку врне бидејќи нема да биде дозволено внесување на чадори препорачуваме мантил за дожд“, се вели во соопштението на сајтот за официјалната посета на папата Фрањо на Скопје papa.mk.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира