ОБДУКЦИЈАТА ПОКАЖА ДЕКА МАЈКАТА И СИНОТ ОД ВЕЛЕС КОИ БЕА НАЈДЕНИ МРТВИ ДОМА ПОЧИНАЛЕ ВО МАРТ, А НЕ ВО ЈАНУАРИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ОБДУКЦИЈАТА ПОКАЖА ДЕКА МАЈКАТА И СИНОТ ОД ВЕЛЕС КОИ БЕА НАЈДЕНИ МРТВИ ДОМА ПОЧИНАЛЕ ВО МАРТ, А НЕ ВО ЈАНУАРИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕСпоред сите анализи, состојбата на телата, амбиенталните услови, информациите кои ги добија докторите на Институтот за судска медицина, констатирано е дека смртта настапила три до пет недели од моментот кога се пронајдени. Тоа значи дека се починати во месец март, а не како што беше кажано иницијално на почетокот од годинава. Согласно тоа, нема причина и интерес да се прават дополнителни испитувања за КОВИД-19, рече министерот за здравство Венко Филипче; - Зградата во која живееја починатите мајка и син во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Обдукцијата покажа дека маjката, која посмртно беше регистрирана позитивна за коронавирус,  и синот од Велес починале три до пет недели пред да бидат најдени починати во нивниот дом, кажа министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција. Катица и Ванчо Маноилови беа најдени мртви во нивниот дом на 6-ти април. Со ова се разбиени дилемите што ќе се случуваше ако нивната смрт била на почетокот од годинава, како што беа претпоставките пред обдукцијата.

    „Според сите анализи, состојбата на телата, амбиенталните услови, информациите кои ги добија докторите на Институтот за судска медицина, констатирано е дека смртта настапила три до пет недели од моментот кога се пронајдени. Тоа значи дека се починати во месец март, а не како што беше кажано иницијално на почетокот од годинава. Согласно тоа, нема причина и интерес да се прават дополнителни испитувања за КОВИД-19. Починат човек не може да го пренесе вирусот и затоа е земен подлабоко од трахијалното стебло. Продолжува истрагата за причина на смртта, што не е наш интерес. Нам ни беше во интерес да видиме кога починале, поради КОВИД-19“, рече Филипче, откако ги добиле резултатите од извршениот увид на Институтот за судска медицина.

    За лицето од СВР Велес кое било на увид кај починатите мајка и син, а кое исто така е позитивно на КОВИД-19, Министерот рече дека не се поврзани случаи.

    „Полицаецот кој бил на увид носел соодветна опрема, тоа е утврдено со изјави од повеќе места. Нам жената ни беше интересна за присуството на коронавирусот, другите работи им се потребни на другите институции“, дополни Филипче.

    За големиот продажен објект од Велес, каде шест лица се позитивни на КОВИД-19 тој, објасни дека таму денес била стручна екипа, а 15 вработени добиваат решение за самоизоалција.

    „Согласно наодот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, 15 вработени добиваат решение за самоизолација. Ако оваа компанија може да ја организира работата со останатиот број на вработени, маркетот ќе работи. Завршена е постапката за дезинфекција и чистење на продажниот објект“, изјави Филипче.

    Во Велес престојувале и инспектори од Скопје и епидемиолози, кои направиле вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот Центар за јавно здравје, каде продолжениот празничен викенд беа регистрирани три здравствени лица позитивни на коронавирусот.

    „Определена е самоизолација на вработени во зависност колку често имале контакти со заболените. Направена е ротација на кадри и сите одделенија функционираат нормално, вклучително и пунктот за земање брисеви. Се работи за да се утврди дали се почитувани протоколите или има некакви неправилности во постапувањето во претходниот период“, кажа Филипче.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира