ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ РОДИТЕЛИТЕ НА ТРИТЕ ДЕЦА КОИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ОСТАВЕНИ САМИ ДОМА ВО ВЕЛЕС

    ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ РОДИТЕЛИТЕ НА ТРИТЕ ДЕЦА КОИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ОСТАВЕНИ САМИ ДОМА ВО ВЕЛЕСРодителите на трите деца од Велес на возраст од 4 години, 2 години и 1 година кои лани на 20 јуни загинаа во пожарот што избувна во нивната куќа додека биле оставени сами, се обвинети за Запуштање и малтретирање на дете. (Фото: СДК.МК)

    Велешкото обвинителство поднесе обвинителен акт за Запуштање и малтретирање на дете против Марија Давчевска (38) и Никола Антониевски (46), родителите на трите деца од Велес кои загинаа во пожарот што избувна во нивната куќа додека биле оставени сами. Двајцата обвинети,  на 20 јуни лани година грубо ја запоставиле  должноста за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца на возраст од 4 години, 2 години и 1 година, така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија. Во временскиот период во кој биле оставени сами, во куќата избувна пожар во кој загинаа сите три деца.

    Според обвинението, Давчевска и како родител на децата не го заштитила нивниот живот и здравјето што е нејзина должност согласно одредбите од Законот за семејство. Обвинетиот како очув на другите две деца исто така бил должен да се грижи за нив со оглед на фактот дека живееле заедно и имал заштитничка позиција спрема нив, но не го заштитил нивниот живот и здравје.

    „Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за живот и здравјето на децата.  Се работи за деца кои според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе“, се вели во обвинителниот акт на Обвинителството во Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира