ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ НЕМА ГУЖВИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД СКОПЈЕ, ГО ЗАВРШУВАМЕ БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, ВЕЛАТ ОД ГРАДОТ

    ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ НЕМА ГУЖВИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД СКОПЈЕ, ГО ЗАВРШУВАМЕ БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, ВЕЛАТ ОД ГРАДОТВчера попладне почна асфалтирањето на коловозот во правецот од Автокоманда кон излезот на Скопје.(Фото: Град Скопје)

    За неколку дена ќе заврши реконструкцијата на булеварот Александар Македонски односно источниот влез на Скопје, најавуваат од Град Скопје. Вчера попладне започната е последната фаза од градежните работи со што булеварот целосно ќе биде отворен за сообраќај.

    „Почнато е асфалтирањето на коловозот во правецот од Автокоманда кон излезот на Скопје. Очекуваме градежните работи да завршат за неколку дена со што источниот влез на Скопје ќе има нов лик“, велат од Град Скопје.

    Реконструкцијата на булеварот Александар Македонски на потегот од крстосницата со улица 16. Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, почна на 5 септември. Градоначалникот Петре Шилегов на почетокот на градежните работи кажа дека на овој потег во должина од 5,8 километри работат три фирми за да биде завршен за 40 дена. Долж реконструираниот булевар ќе биде изведена и велосипедска патека.

    Во моментов, градежните работи има уште на булеварот „8 Септември“ на потегот од крстосницата со Илинденска до „Хубо маркет“, и на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец.

    А. АНТЕВСКА 

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира