Силниот ветер вечерва остави без струја повеќе скопски населби. На места струја немаше кратко време околу 10 минути, а делови сѐ уште се без електрична енергија. Од компанијата ЕВН велат дека екипи се на терен и на сите пристапни места се интервенира и кориснициите во текот на ноќта ќе добијат струја.
„На среден напон состојбата е стабилна, на низок напон има одредени прекини. Во делови имало испади на трафостаниците, но таму напојувањето е вратено за помалку од 10 минути, како што е во населбите Влае, Хром, делови од Сопиште. Онаму каде имаме скинати жици и кабли нормално е дека е потребно повеќе време за интервенција“, велат од ЕВН.
Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, повремено поинтензивни. Во втората половина од ноќта врнежите во делови од Скопската Котлина ќе преминуваат во снег.
А. АНТЕВСКА