ОД УТРЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПАК БЕСПЛАТНО ВОЗЕЊЕ ВО ЈСП „СКОПЈЕ“, ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ УШТЕ НЕ

    ОД УТРЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПАК БЕСПЛАТНО ВОЗЕЊЕ ВО ЈСП „СКОПЈЕ“, ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ УШТЕ НЕБасплатниот автобуски превоз за пензионерите, средношколците и студентите беше укинат на 11 март заради заштита од ширење на коронавирусот. (Фото: К. Попов)

    Од утре, студентите повторно ќе можат бесплатно да се возат со автобусите од јавниот превоз во Скопје. Од ЈСП „Скопје“ соопштија дека од утре продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз. И натаму нема да важи бесплатниот автобуски превоз за пензионерите и средношколците.

    Басплатниот автобуски превоз за пензионерите, средношколците и студентите беше укинат на 11 март заради заштита од ширење на коронавирусот.

    Од денеска, автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници возат од 5 до 19 часот, а не двосменски од 5 до 9 и од 13 до 19 часот како што сообраќаа од 9 април.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари