ОХРИДСКИТЕ КОМУНАЛЦИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА СОБРАА 300 ВРЕЌИ ЃУБРЕ НА ПАТОТ ОХРИД-СВЕТИ НАУМ

    ОХРИДСКИТЕ КОМУНАЛЦИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА СОБРАА 300 ВРЕЌИ ЃУБРЕ НА ПАТОТ ОХРИД-СВЕТИ НАУМНа овој патен правец најголема фреквнција на возила има во текот на летната сезона, па мини депонии се создаваат долж патот.(Фото: СДК.МК)

    Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ кои една недела го чистат магистралниот пат Охрид-Свети Наум, собраа околу 300 вреќи ѓубре, фрлено од несовесни возачи. На овој патен правец најголема фреквенција на возила има во текот на летната сезона, па мини депонии се создаваат долж патот.

    „Иако овој магистрален пат и расчистувањето не е во наша надлежност, ние сепак решивме да го отстраниме ѓубрето кое го оставаат несовесните граѓани. Ваква акција денес имаме и на магистралата што води кон Кичево, но само до селото Подмоље“, вели Стефчо Маслов од „Охридски комуналец“.

    Според податоците на СВР Охрид по магистралниот пат Охрид-Свети Наум и Охрид-Кичево-Скопје летово дневно поминуваа по неколку илјади возила.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари