ОХРИЃАНИ ОСУМ ГОДИНИ ЛИДЕРИ ВО ОТСЕЛУВАЊЕ ОД МАКЕДОНИЈА

    ОХРИЃАНИ ОСУМ ГОДИНИ ЛИДЕРИ ВО ОТСЕЛУВАЊЕ ОД МАКЕДОНИЈА

    Осум години по ред најпосетениот туристички град во Македонија, Охрид, е на прво место по бројот на граѓани кои го напуштиле за да живеат во друга држава. Според податоците од Државниот завод за статистика, од 2008 година, кога Охрид избил на прво место по отселување во странство, до 2015 година, вкупно 4.422 жители го напуштиле градот.

    Најмасовно охриѓани се иселувале во 2012 година кога од вкупно 1.330 Македонци кои си заминале од дражавата, 983 биле охриѓани.

    Лани од Охрид си заминале 384 жители, што повторно е повеќе од половина Македонци што ја напуштиле татковината чиј број изнесува 767.

    Најголем број од  Македонците кои во 2015 година се иселиле заминале во САД, Австралија, Германија, Италија и Швајцарија.

    Изборот на земји во кои се селат Македонците не е многу поразличен и во претходните години, со тоа што одвреме – навреме меѓу првите најбарани се Нов Зеланд и Океанија.

    Меѓу иселените има Охриѓани кои Македонија ја замениле за Албанија. 22 од иселените во 2015 година се преселиле во Албанија, 15 во Србија, 8 во Словенија, 6 во Бугарија, по четворица во Турција и во Хрватска, тројца во Косово, по еден во Босна и Херцеговина и во Црна Гора, а 320 се заведени дека се иселиле во останати држави.

    Лани од семејни причини е наведено дека се иселиле 232 охриѓани од вкупно 384. Останатите ја напуштиле Македонија поради вработување, брак или школување.

    Иселените, не само од Охрид туку од цела држава се од сите возрасти, а во однос на полот мажите се малку побројни од жените. Од 767 иселени лани  427 се мажи, а 340 се жени.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира