ОВОШТАРИТЕ ОД РАДОВИШ ГО БЛОКИРАА ПАТОТ ДО СТРУМИЦА ОТИ НЕМА ОТКУП НА СЛИВИТЕ

    ОВОШТАРИТЕ ОД РАДОВИШ ГО БЛОКИРАА ПАТОТ ДО СТРУМИЦА ОТИ НЕМА ОТКУП НА СЛИВИТЕ„Гневни сме оти со денови нема откуп, а родот скапува по нивите. Сакаме да го свртиме вниманието на надлежните оти тоа ни е единствен извор на егзистенција. Имаме род, но бадијала е, нема кој да го купи“, велат производителите на сливи (Фото: СДК.МК)

    Производителите на сливи од радовишко го блокираа патниот правец Радовиш-Струмица во знак на револт што веќе една недела или нема никаков откуп или пак ова овошје се откупува по 5 и 6 денари. Тие побараа од Mинистерството за земјоделство да интервенира, бидејќи сливите ќе почнат да скапуваат по овоштарниците.

    „Гневни сме оти со денови нема откуп, а родот скапува по нивите. Сакаме да го свртиме вниманието на надлежните оти тоа ни е единствен извор на егзистенција. Имаме род, но бадијала е, нема кој да го купи. Бараме од Министерството за земјоделство да бидеме обештетени 5 денари по килограм, оти добар дел од прозводството веќе е уништено”, кажа Стано Манчевски од иницијативниот одбор.

    Групата призводители на сливи од радовишко најавија дека протестите ќе ги радикализирааат ако Министерството не интервенира.

    Од Mинистерството за земјоделство најавија дека се размислува за воведување интервентна мерка за сливите идентично како и за доматите. Во земјава,  со сливи е засадено 2.120 хектари земјиште,  а регистрирани се околу 2.800 производители.

    В. ТРАЈКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира