ПАК БЛОКИРАНИ СО КОЛИ ПЕШАЧКИТЕ ПАТЕКИ НА РЕНОВИРАНАТА УЛИЦА ОРЦЕ НИКОЛОВ ВО СКОПЈЕ

    ПАК БЛОКИРАНИ СО КОЛИ ПЕШАЧКИТЕ ПАТЕКИ НА РЕНОВИРАНАТА УЛИЦА ОРЦЕ НИКОЛОВ ВО СКОПЈЕНа одредени места не се поставени пластични столпчиња како на поголемиот дел од улицата, па затоа колите слободно можат да влегуваат и да се паркираат на тротоарот реновиран со павер елементи. (Фото: СДК.МК)

    Пешачките патеки на реновираната улица Орце Николов во скопско Дебар Маало, пак се паркинг простор. Наместо да бидат ослободени од паркирани коли, што беше и главната причина за реконструкцијата на улицата и воведување ново сообраќајно решение, делови повторно се блокирани. На одредени места не се поставени пластични столпчиња како на поголемиот дел од улицата, па затоа колите слободно можат да влегуваат и да се паркираат на тротоарот реновиран со павер елементи.

    При почетокот на градежните работи беше кажано дека автомобилите на станарите ќе се паркираат само паралелно со улицата и заради тоа се направија џебови. За да има место за сите станари, на Орце Николов е воведено резиденцијално паркирањето односно беше кажано дека нема да се издаваат паркинг карти за фирми и граѓани кои не се станари.

    Од Општина Центар не добивме одговор зошто се дозволува во делови на улицата тротоарите да се повторно окупирани со коли, со што се уништува квалитетот на реновираната улица.

    Улицата Орце Николов почна да се ренови лани во март, а беше завршена пред еден месец. Сo реновирањето, тротоарите се ослободени од терасите на кафулињата, а изведени се пешачки и велосипедски патеки. На крстосницата со улицата Ленинова изведен е кружен тек, а на улицата е воведено паралелно паркирање со џебови за паркинг. Коловозната лента е намалена на 6 метри.

    Реконструкцијата чини 1.2 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира