ПАК СЕ УКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ ВО СКОПЈЕ, ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСТ НА ВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИ

    ПАК СЕ УКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ ВО СКОПЈЕ, ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСТ НА ВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИОд ЈСП „Скопје“ апелираат граѓаните задолжително да носат маска при користење на јавниот превоз. (Фото: К. Попов)

    Повторно се укинува бесплатниот автобуски превоз за пензионери во Скопје. Минатата недела во автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници повторно беше воведено бесплатно возење за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

    Но, поради зголемениот број на новозаразени со КОВИД-19 изминативе денови, денеска повторно е донесена одлука да се укине бесплатниот превоз за возразните лица бидејќи се најризична категорија.

    „Апелираме на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од КОВИД-19“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Од укинување на полицискиот час автобусите на ЈСП Скопје“ возат во текот на целиот ден, по саботен возен ред.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира