ПАК ЗАГАДЕН ВАРДАР ВО НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ АКО Е ИСТИОТ ЗАГАДУВАЧ ЌЕ СЛЕДИ РИГОРОЗНА КАЗНА

    ПАК ЗАГАДЕН ВАРДАР ВО НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ АКО Е ИСТИОТ ЗАГАДУВАЧ ЌЕ СЛЕДИ РИГОРОЗНА КАЗНАНа истата локација водата беше загадена, обоена во црвена боја и лани во септември, а беше откриено дека загадувач е компанијата Арцелор Митал“; - Од земањето мостри од водата денес. (Фото: Инспекторат на Град Скопје)

    Реката Вардар во населбата Долно Лисиче утрово повторно е загадена. Водата по течението на реката е обоена во црвена боја, и по пријава на граѓани инспекторите од Град Скопје и Државниот инспекторат за животна средина веднаш излегле на терен.

    „Во координација со Државниот инспекторат за животна средина испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна“, вели Мирослав Богдановски раководител на Инспекторатот на Град Скопје.

    На истата локација водата беше загадена, обоена во црвена боја и лани во септември, што предизвика и помор на риби. По испитувањата на инспекторите од Државниот инспекторат за животна среднина беше утврдено дека загадувањето е предизвикано од погоните на компанијата „Арцелор Митал“. Во еден од погоните дошло до излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води.

    Тогаш компанијата беше казнета со парична казна од 100.000 евра и забрана за работа за работа до санација на дефектот.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари