ИЗБРКАН ОТИ ВИКАЛ „ВРАТЕТЕ ГИ ПАРИТЕ!“ ЗАД ГРУЕВСКИ ВО ТРНОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:44:"Трново(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗБРКАН ОТИ  ВИКАЛ „ВРАТЕТЕ ГИ ПАРИТЕ!“ ЗАД ГРУЕВСКИ ВО ТРНОВО

    Обезбедувањето на високите партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ на денешната Семакедонска средба во Трново, Битолско, отстрани од народниот собир лице кое викаше „Вратете ги парите!“. На народниот собир одржан по повод Илинден присуствуваше претседателот на владеачката партија Никола Груевски, пратеникот од дијаспората Васко Наумовски, Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес и други претставници на македонски здруженија во странство. На средбата за првпат немаше претставници од опозицијата.

    Додека траеја поздравните говори, еден маж помина зад ложата со столови каде седеа високите партиски функционери од ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и Груевски, па извика неколку пати „Вратете ги парите!“ По ова, двајца од обезбедувањето го зедоа и го отстранија од дворот на црквата „Света Богородица“ каде се одржуваше народниот собир.

    На средбата која за Илинден се оргранизира со години не се памети толкава голема посетеност како овој пат. Ова е заедничка средба на иселениците и Македонците протерани од Егејскиот дел на Македонија. Пред црквата беа паркирани и дваесетина автобуси кои донесоа народ од сите делови на Македонија.

    На почетокот од церемонијата имаше и мал технички проблем. На средина од говорот на првиот говорник Иван Џо Петрески снема струја, па не можеа да се слушаат обраќањата пред толкава насобрана толпа народ. Поради техничките проблеми, беше вметната културно уметничка програма, а откако дојде струјата по петанесетина минути продолжија говорите.

    Бидејќи домаќинот на собирот, градоначалникот Владимир Талески е во домашен притвор, пред присутните се обрати претседателката на Советот, Силвана Ангелевска.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари