Патничкиот воз од Велес за Кочани вчера попладне излетал од шините. Несреќата се случила околу 17.20 чaсот на делницата од Велес кон Штип, во делот на Овче Поле. Неофицијалните информации се дека меѓу десетината патници кои биле во единствениот патнички вагон, нема повредени.
Од Македонски железници АД Транспорт потврдуваат дека воз излетал од шините и се работи на санирање на шетата.
„Излетан е патнички вагон, на релацијата кон Кочани. Конкретни информации немаме, бидејќи се врши увид од страна на ЈП Македонски железници – Инфраструктура. Се работи на санирање на вонредниот настан“, изјавија кусо Македонски железници АД Транспорт.
Поради излетувањето на патничкиот вагон, железничкиот сообраќај од и кон Кочани од вчера попладне е во прекин.
П.ПЕЧКОВ