ПЕТ ОБВИНИТЕЛИ ЦЕЛА НОЌ БАРАА ТРАГИ ВО ИЗГОРЕНИОТ МОДУЛАРЕН КОВИД-ЦЕНТАР ВО ТЕТОВО СО НАЈМАЛКУ 10 ЗАГИНАТИ

    ПЕТ ОБВИНИТЕЛИ ЦЕЛА НОЌ БАРАА ТРАГИ ВО ИЗГОРЕНИОТ МОДУЛАРЕН КОВИД-ЦЕНТАР ВО ТЕТОВО СО НАЈМАЛКУ 10 ЗАГИНАТИОбвинителите сега го утврдуваат бројот на жртвите и тие ќе ја дадат точната информација. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Тројца обвинители од Тетово и двајца од Скопското обвинителство итно отворија истрага и работеа ноќва, а ќе работат и во следните денови на местото на изгорениот модуларена Ковид-центар во Тетово, за да ги откријат причините за страшната несреќа со најмалку 10 жртви. Министерството за здравство синоќа потврди дека се стравува оти бројот на жртви може и да расте. Во моментот на пожарот во болницата имаше 24 ковид болни.

    Обвинителите сега го утврдуваат бројот на жртвите и тие ќе ја дадат точната информација.

    „Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место во модуларната ковид-болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува. Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство. Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар“, вели Јавното обвинителство.

    Катастрофалниот пожар избувнал вчеравечер во 21 часот. Се раширил со секавична брзина, со големи пламени, се додека не ја пеплоса целата барака. Изгасен беше околу 21.45 часот. Заменик-командир на тетовската противпожарна единица Сашо Трајчевски кажа дека загинатите се ваделе уште додека траело гасењето. Министерството за здравство синоќа кажа дека има и многу повредени и дека итно се транспортираат во Скопје.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира