ПО 40 ГОДИНИ НОВ АСФАЛТ НА ПАТОТ ОД БИТОЛА ДО ГРЧКА ГРАНИЦА

    ПО 40 ГОДИНИ НОВ АСФАЛТ НА ПАТОТ ОД БИТОЛА ДО ГРЧКА ГРАНИЦАДелницата од 12,7 киломтри е биде готова во октомври. (Фото: СДК.МК)

    Привршува рехабилитацијата на регионалниот пат од Битола  кон грчка граница кој цели 40 години не беше реконструиран. Патот со години беше полн со дупки и крпеници, и не беше безбеден за сообраќај.

    Министерот Благој Бочварски денес изврши увид на градежните работи и најави дека до октомври ќе биде и официјално пуштен во употреба. Реконструкцијата на 12, 7 километри пат чини 3, 27 милиони евра, пари обезбедени од ЕБОР.

    Бочварски уште најави дека напролет ќе биде готов и експресниот пат со делницата Градско – Дреново и Дреново- Фариш.

    „Убеден сум дека тој пат ќе значи подобро инфраструктурно поврзување на овој крај со Скопје, ќе ја зголеми економската активност на овој регион и ќе ја зголеми безбедноста. Таму се одвиваат силни градежни активности. Вториот тунел е пробиен, се минира теренот, на првата делница Градско- Дреното се започнати асфалтните работи, нема застој“, рече Бочварски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира